Червар: Ова беше натпревар на играчите

Од:

По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше радост во таборот на ракометната репрезентација на Македонија, а дополнително задоволството беше уште поголемо бидејќи репрезентативците Филип Миркуловски и Наумче Мојовски со победа и со изборен пласман на ракометниот Мундијал се простија од репрезентативниот дрес.

– Честитки до играчите. Ова беше нивни натпревар, едноставно летаа по теренот и кога беа повредени сакаа да се вратат да играат. Постигнавме голема победа. Комплетната заслуга е нивна. Голема благодарност и до извонредната публика, изјави селекторот Лино Червар на прес-конференцијата.

Овој натпревар имаше многу симболика, првиот гол го постигна Миркуловски, а последниот Мојсовски.

– Благодарност до сите. Имавме малер кој траеше долго. Но, мислам дека јас и „Жути“ (Миркуловски) заслуживме вака да се простиме од репрезентативниот дрес. Се надевам дека и генерацијата што ќе дојде ќе го продолжи овој наш континуитет, изјави Мојсовски.

За Миркуловски нема дилеми дека ова е последен натпревар за Македонија, иако е нешто помлад од Мојсовски.

– Голема благодарност до сите. Оваа приказна има „хепиенд“. Голема беше желбата за победа и задоволен сум што успеавме и што изборивме пласман на Светското првенство, истакна Миркуловски.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ