Едноставни начини да се заштитат децата од штетното зрачење на мобилните телефони

Од:

Сите веќе добро знаат дека мобилните телефони можат да го загрозат нашето здравје. Сепак, најновата студија на Националната токсиколошка програма на САД (НТП) неодамна откри вознемирувачки податок – апаратот кој стана незамислив додаток во речиси сечиј живот може да предизвика рак на мозокот.

Научниците на Националната токсиколошка програма на САД подложиле мажјаци на глувци на ист тип на радиофреквенции како што емитуваат мобилните телефони. Утврдена е ниска зачестеност на два вида тумора во организмот на животните – на мозокот и на срцето.

Студијата е една од најголемите и најдлабоките анализи поврзани со мобилните телефони и ракот, а американската Влада ја чинеше повеќе од 25 милиони долари.

Повеќе од пет земји ги предупредија своите жители да ја намалат изложеноста на зрачењето од мобилните телефони, а особено се посветува внимание на заштита на децата, чиј мозок апсорбира двојно количество зрачење.

Еве неколку најболни совети на Еколошката работна група (EWG) како да се намали изложеноста на семејството на штетното зрачење:

Ограничете им ја на децата употреба на мобилните телефони

– Изберетет фиксен телефон за секојдневни повици.
– Не давајте им на децата за да се забавуваат и да играат игри. Мобилниот телефон не е играчка.
– Доколку и повремено му дадете на детето на вашиот мобилен телефон да игра игри, задолжително вклучете авио режим
Мобилниот телефон секогаш држете го подалеку од вас
– Трудете се што е можно почесто да разговарате преку слушалки.
– Телефонот секогаш чувајте го подалеку од вашето тело. Ако не разговарате оставете го мобилниот на масата, а не во џеб.
Внимателно бирајте маска за телефон
Некои футроли и маски за телефони можат да го намалат и ублажат нивото на зрачење, но сепак постојат и оние благодарение кои телефонот ќе емитува уште повеќе радијација. Затоа водете сметка каде купувате.
Барајте силен сигнал
Нивото на зрачење е значително повисоко кога сигналот е слаб. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска