(ВИДЕО) Орав и Бејли по средбата со политичките партии најавуваат можен излез од кризата во текот на неделава

Од:

Амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли одржаа поединечни средби меѓу претставниците од партиите потписнички на договорот од Пржино.

– Имавме средба со партиите како и претходните денови. Се надеваме дека ќе има напредок во деновите што следат, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли.

На поединечни средби отидоа Радмила Шекеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, а од ДУИ Артан Груби, додека ДПА решија да не присуствуваат.

– Имаме блиски средби и разговори со партиите, се надевам дека за брзо ќе постигнеме договор, рече амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.

Со средбите, амбасадорите имаат цел подоцна да се случи лидерска средба, а неофицијално, постои можност партиски претставници повторно да седнат на иста маса до крајот на денот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

На Косово му се заканува институционална криза, најголема од прогласувањето на независноста

Здравствената криза во Газа е катастрофа што ќе трае со генерации

Хазин: Светска војна е можна само по финансискиот колапс на САД

Песков: Сакаме да ја решиме украинската криза со политички и дипломатски средства

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

АА: По дистанцирањето на Силјановска, само ВЛЕН и Вучиќ зборуваат за тензии

Предраг Петровиќ