Македонија денес е единствена земја во Европа која има само два мобилни оператора. Ова не смееше да се дозволи. По кусо време од спојувањето на мобилните оператори ВИП И ОНЕ и со спојувањето на Македонски телеком и Т-Мобиле, цените значително се зголемија. Просечната цена за една минута разговор е зголемена за 16%, а за мобилниот интернет за 20%. Така, длабоко зачекорени во дваесет и првиот век, разговорите во мобилната телефонија и мобилниот интернет стануват луксуз за македонските граѓани, рече потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ.
„И додека цените во Европа паѓаат, кај нас се зголемуват. Либерално-демократската партија укажува дека ваквата состојба не смееше да се дозволи.
Со спојувањето на ВИП и ОНЕ се созаде дуопол и се намали конкуренцијата. Овој дуопол и во иднина ќе продуцира натамашно зголемување на цените. Агенцијата за електронски комуникации, претходно укажуваше дека нема да дојде до зголемување на цените, што се покажа како сосема неточно. Спојувањето не требаше да се дозволи од Државната комисија за заштита на конкуренција, се’ додека не се пронајдеше нов мобилен оператор.
ЛДП бара Агенцијата за електронски комуникации, како независно регулаторно тело, впрочем што би требало да биде согласно практиките и стандардите на Европската унија, итно да овозможи влез на пазарот на трет мобилен оператор и да престане да го штити дуополот на мобилните оператори. Притоа, ЛДП бара постапката за воведување на трет мобилен оператор да биде целосно транспаретна. Со ова, ќе се заштитат правата на корисниците, односно на потрошувачите кои се детермининрани како врвна европска вредност“, рече Шапуриќ.