Во специјалниот суд за воени злосторства на ОВК ќе има само странски судии, изјави специјалниот пратеник на ЕУ во Приштина Самуел Жбогар во интервјуто за весникот „Зери“.
Жбогар истакна дека ЕУ е растревожена од случаите на закани против сведоците и тоа е причината поради која во специјалниот суд ќе има само странски судии.
За Заедницата на српски општини во Косово, Жбогар објасни дека од нејзиното создавање стравуваат и Србите и Албанците.
Првите затоа што живеат во постојан страв и имаат потреба некој да ги брани, а вторите, бидејќи се плашат дека Унијата може да се претвори во нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина.
Жбогар го поздрави враќањето на радикалното опозициско движење „Самоопределување“ во косовскиот парламент, и нагласи дека парламентот не може да функционира нормално без опозиција.