Ковачевски: ЕЛЕМ стана фирма за хортикултурно уредување

Од:

АД ЕЛЕМ треба да биде столб на електроенергетскиот систем во Р.Македонија. Но, наместо тоа, таа стана фирма за хортикултурно уредување, изјави пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.

„Затоа надвор од секоја здрава логика, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во ЕЛЕМ се преокупирани со избор на какви мајмуни и желки ќе има во Рајската градина, контроверзен бизнис вреден 14-милиони евра. По којзнае кој пат откажуваат 3-те блокови на главниот енергетски столб во земјава, РЕК Битола. Стотици милиони евра до сега ги чинат граѓаните наводните ремонти на блоковите во РЕК Битола. И не само тоа, не работи ниту РЕК Осломеј! Се трошат огромни средства за енормни количини мазут за термоелектраните. Во последните 10 години:

-Намалено е домашното производство на струја за повеќе од една третина, или околу 35 проценти!

-За 100 проценти е покачена цената на струјата!

-Увозот на скапа струја во Македонија достигна неверојатни 40 проценти од вкупното количество на струја!

Фамилијата на власт се богати на грбот на осиромашените граѓани.

Во сметките за струја ја натплаќаме увезената струја.

Ние граѓаните плаќаме и за нивните милионски тендери за рајски паркови, ски стази, барок фасади, медиумски реклами…

Груевски и соработниците, за свои интереси, ја направија Македонија електроенергетски најзависната држава во Европа!

Ова е последна година на изживувањата на Груевски и соработниците врз граѓаните.

Се обврзуваме дека по промената на власта, ќе ги оспособиме АД ЕЛЕМ, РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино – сите домашни енергетски капацитети, за да го зголемиме домашното производство на струја.

И ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата.“, вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски