Голем експеримент на Германија со бегалците

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Германија е на пат га биде зафатена со радикален социјален експеримент. Тој ќе одреди дали огромниот бран од бегалци кој ја преплави Европа минатата година ќе биде благодет за континентот или катастрофа. 

Минатата недела Бундестагот донесе нов закон за интеграција, првиот во историјата на земјата. Тој бара апликантите за азил да го учат германскиот јазик, култура и вредности во замена за побрз достап до пазарот на трудот. Владата вети дека ќе субвенционира 100,000 нови работни места, од кои повеќето се ниско платени. Законот за труд ќе биде олеснет, за да биде полесно вработувањето на бегалци.

Но новодојдените кои немаат работа ќе треба да останат во општините каде биле на почетокот испратени. На оние кои одбиваат да ги почитуиваат тие правила ќе им биде сопрена помошта.

Министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер, се закани: „Тука нема добро да се чувствуваат!“
Целта на новите мерки е да се спречи создавањето на паралелни општества, како во Белгија и Франција, односно гета, какви изникнаа во големите германски градови по пристигнувањето на стотици илјади турски гастарбајтери на почетокот на 60-те. Не беа направени никакви напори да бидат стимулирани или притиснати да се интегрираат; германските рестриктивни закони за граѓанство, кои останаа на сила од времето пред Првата светска војна, го отежнуваат добивањето на пасош.
Германската левица лицемерно ја оправдуваше таа кусогледост како „мултикултурализам“. Десницата си правеше планови да ги натера луѓето да си заминат.

Но, многу турси и покрај сето тоа пуштија корени во Германија. Сега се смета дека 1,5 милиони германски граѓани имаат турско потекло, иако во текот на неколкудецении германските влади тврдеа дека Германија никогаш нема да стане земја на емигранти. Гетата и отуѓувањето никогаш не исчезнаа; во април, Межународниот центар за антитероризам во Хаг соопшти дека повеќе од 700 странски борци во Сирија дошле во Германија.

Но, сега има и многу владини службеници, пратеници, филмски дејци, писатели, фудбалски ѕвезди и познати актери со турски имиња. Заедно со големиот прилив на бегалци од војните и економски емигранти од целиот свет, на Евреи и етнички Германци од поранешниот Советски сојуз, тие веќе го сменија ликот на земјата. Германија, земјата во која сум родена – бела, католичка или протестантска, веќе е само спомен.

Повеќе од сегашното население дошле како мигранти или се деца на мигранти. Моето лично семејно стебло (чисто бело и лутеранско веќе со векови) за две генерации се здоби со швајцарски, американски, тајвански, еврејски, сенегалки и словенски членови. Некои од нас, дури склучија брак и со католици, да му се невиди!

Но, денешните предизвици не се сосема различни, не само заради обемот. Бегалците од зони на војни како Сирија и Авганистан, често пати се сериозно истрауматизирани. За многумина е тешко да добијат знаења или вештини за да се адаптираат кон германската економија и општество. Оние кои не се вистински бегалци, ќе треба да бидат вратени.

Најголемо изненадување од големиот бегалски бран во 2015 година беше како германските институци беа затрупани и како граѓаните спокојно прифатија да им помагаат на новодојдените. Повеќето од нас очекуваа се да се случи поинаку. А сега граѓанското општество е затекнато и популистичката партија Алтернатива за Германија, трупа капитал од широко распространетиот неспокој и гнев. Противниците на канцеларот Ангела Меркел го затегтаат обрачот околу неа и и ги бараат слабите точки.

Канцеларот силно се противи на воведувањето лимити во уставот во врска со правото на азил. Но, во нејзин типичен прагматичен стил таа се солгаси за заострување на контролата на границите, и склучи договор со Турција (преку милијарди евра помош да ги држи бегалците далеку од Европа). Затварањето на гранците на балканските држави помогна за сопирање на мигрантскиот тек.

Но, се уште илјадници мигранти се обидуваат да го преминат Средоземното Море – сега преку Либија – и често гинат по патот. Германската полиција неодамна уапси осомничени членови на терористичка ќелија на Исламската држава, веројатно спречувајќи заговор за голем терористички напад. И тројцата беа Сиријци и дошле во Европа како бегалци.

Високо државен службеник во Берлин ми кажа: „Сето тоа целосно ќе ја смени физиономијата на Германија“. Но за да може тој експеримент да успее, ќе треба да бидат зголемени можностите на општините и регионите да ги претворат новодојдените во продуктивни и мирни членови на општеството. Ќе биде потребно зајакнување и координирање на внатрешното разузнавање и службите за безбедност, како и да се зголеми контролата и одговорноста.

Германија исто ќе треба да развие посестрана и строга надворешна политика кон Северна Африка и Блискиот Исток. И последно, но не и по важност, неопходно е да се обезбеди солидарноста од другите членки на ЕУ.

Тоа е тешка задача дури и за богата и моќна земја како Германија. Но, ако таа не успее, тогаш тоа ќе биде катастрофа за Европа и за трансатланските односи. Многу зависи од Берлин за да се справи со ситуацијата, но не помалку и од САД. Иако тоа не изгледа така, посебно ако ја следите изборната кампања таму.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он