Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го осуди убиството на 50 луѓе во Орландо и кажа дека за овој чин не смее да има никаков изговор.
-Коментарите од типот “не ми е жал за убиените во Орландо зошто се хомосексуалци“ се одвратни. А, што ако беа убиени деца со пречки во развојот, дали некој би кажал дека има 50 паразите помалку? А нападот ако беше извршен во породилиште, веројатно ќе треба да се проучува личната ситуација на секоја мајка одделно, напиша Захарова.
-Ми се гади од луѓето кои сметаат дека сочувството е невозможно затоа што….и се наведуваат милиони причини. Време е конечно да се одлучиме-или за човечкото сочувство или за сочувство врз основа на општествените-политички убедувања, наведува Захарова.
-Чудно се чувствувам додека го пишувам ова, но сепак тоа ќе го направам, пишува Захарова. Ниту една определеност или наклонетост, не може да се реши со оружје. Невозможно е и да се одбранат и целосно исправни, традиционални вредности, доколку во човек нема сочувство и разбирање, напиша Захарова.
Вчера и рускиот претседател Владимир Путин му се јави на американскиот претседател Барак Обама да му изрази сочувство и го осуди нападот во Орландо.