Почна продажбата на „Фиат 124 Спајдер“ во Европа

Од:

 Во вистинско време, пред летото, на дел од европските пазари од минатата недела почна продажбата на атрактивниот двосед на „Фиат“ без покрив, со почетна цена од 27.500 евра. 

Моделот со ретро изглед „Фиат 124 Спајдер“, кој вози на платформата на „Мазда Ем-Икс-5“, се испорачува со 1,4 литарски бензинец од 140 коњски сили и 240 нанометри. До 100 километри на час тој стигнува за 7,5 секудни. Неговата најголема брзина е 210 километри на час, благодарение на масата од само 1.050 килограми.

Од опремата во понуда е стандардната и „Лусо“ која има и систем со 7-инчен екран.

„Албарт“ изведбата ќе биде на располагање дури од септември, а погонот е идентичен со 1,4 литарски турбо мотор, но со 170 коњски сили и по желба со рачен шестстепен или автоматски менувач, па и перформансите се пожестоки: до 100 километри на час „Албарт“ ќе стигнува за 6,8 секунди и ќе вози до 232 километри  на час.

Оваа изведба ќе вклучува и четриклипни сопирачки, спортски дизајн и двобојна каросерија. Цената ќе и биде 40.000 евра. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ