Во текот на викендот беа одиграни првите бараж дуели за пласман на Светското првенство во ракомет што следната година ќе се одржи во Франција. На деветте натпревари само селекцијата на Унгарија оствари победа на гостински терен.
Во Злин Македонија загуби од Чешка и во реваншот во среда во Скопје ќе „брка“ шест голови предност на противникот.
Резултати на бараж дуелите:
Шведска – Босна и Херцеговина 27:19,
Чешка – Македонија 28:22,
Полска – Холандија 27:21,
Русија – Црна Гора 29:22,
Србија – Унгарија 25:26,
Исланд – Португалија 26:23,
Словенија – Норвешка 24:18,
Белорусија – Летонија 26:24 и
Данска – Австрија 35:27.
Реванш натпреварите се играат на 15 и на 16.јуни.