Разбојник нападнал во петокот напладне вработена во бутикот „Пасион” во Гостивар, при што ја ограбил и физички ја нападнал.
Како што соопшти полицијата, разбојникот најпрво на 21-годишната З.Н. и одземал златен синџир и прстен, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица, по што ја фатил за коса и главата и ја удирал по рафтовите.
Полицијата успеала да го фати и приведе разбојникот. Станува збор за 22-годишниот Н.Ќ. од селото Ѓурѓевиште.
Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.