Лендл повторно ќе го тренира Мареј

Од:

Поранешниот чешки тенисер Иван Лендл ќе ја обнови соработката со Британецот Енди Мареј. Чехот повторно ќе го тренира вториот светски тенисер.

Под негово водство, Мареј го освои златниот медал на Олимписките игри во Лондон 2012, победи на УС Опен истата година, а една година подоцна го освои и Вимблдон.

– Се радувам затоа што ќе работам со Лендл, изјави Мареј.

Најдобриот британски тенисер веќе еден месец е без тренер, бидејќи ја прекина соработката со Амели Морезмо.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата