(ВИДЕО) Масакар во геј клуб во Орландо, 50 загинати

Од:

Педесет лица загинаа, а 53 се ранети во нападот врз ноќниот геј клуб „Пулс“ во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, изјави градоначалникот на градот, Бади Даер.

Тој прогласи вонредна состојба во Орландо и го повика гувернерот на Флорида Рик Скот да воведе таква мерка во целата земја.

Дел од ранетите се во критична состојба, изјавија медицински извори.

Во моментот на нападот во клубот имало над 300 лица.

Извршителот на нападот е идетификуван како Омар Матин (29), државјанин на САД со авганистанско потекло, јавија телевизиите Си-би-ес и Ен-би-си.

Полицијата почна истрага за терористички напад, а ФБИ претходно соопшти дека напаѓачот бил симпатизер на исламистите.

Напаѓачот бил убиен од полицијата. Вкупно девет полицајци учествувале во престрелката со напаѓачот, при што еден од нив бил ранет во пределот на окото, но неговата состојба не е критична.

Мажот отворил оган кон вработен во клубот, по што во два часот изутрината по локално време влегол во клубот и зел заложници. По околу три часа екипа на специјалните единици навлегле во објектот и се пресметале со напаѓачот. Кај него се пронајдени два пиштола и експлозивна направа, за која подоцна е увидено дека е лажна.

Матин е роден во 1986 година и живеел во градот Порт Сент Луис, исто така во Флорида, на околу 200 километри југоисточно од Орландо. Тој немал судско досие.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама бил известен за нападот и тој ѝ наредил на федералната влада да им ја пружи потребната помош на локалните безбедносни сили, кои го истражуваат нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи