А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потврди дека немаат конкретни мерки за унапредување на образованието

by А1он12/06/2016 - 16:08261
Share0

Зоран Заев е единствениот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, а СДСМ е единствената партија предводена од лидер кој е спасен од одговорноста за организиран криминал и корупција. Затоа единствена цел на СДСМ е деструкција и блокирање на било каква реформа, унапредување на образовниот процес, вклучително и борбата против корупцијата во образованието, а особено во високото образование. Затоа СДСМ застана против расчистувањето на барањето поткуп по факултетите, затоа СДСМ е против воведувањето на вистинските вредности во образованието, преку процесот на екстерно образование, каде знаењето добива вредност, а не се ценат врските и богатството на учениците, стои во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петар Атанасов.

Следете a1on на Instagram Instagram

„СДСМ и со денешната прес конференција потврди дека немаат конкретни мерки и проекти кои можат да ги понудат во насока на унапредување на образованието. Нивниот “најголем експерт“ во образованието и денес зборуваше за укинување и прекинување, што е само потврда на деструктивната политика која СДСМ ја води.

СДСМ не можат да се помират со фактот дека токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки и проекти со цел македонското образование да го издигне на ниво на европското. Таква мерка е и екстерното образование. Овој процес се имплементира во најголем број од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД. Тоа очигледно им е непознато на експертите во СДСМ кои се навикнати на системот во кој вредностите, знаењето и трудот не важеа за децата на функционерите и богаташите на СДСМ, туку за нив функционираа врски и потплаќањето.

Ги разбираме СДСМ зошто се нервозни. Сега сите се еднакви и се оценуваат според нивните способности, а не според името и парите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
reakcijavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:2006/08/2026 - 19:21

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:14

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:1028/07/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео