Сообраќајка на патот Градско-Прилеп, двајца тешко повредени

Од:

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” и трактор, која синоќа се случила на патот Градско-Прилеп меѓу росоманските села Сирково и Камен дол, потврдија за МИА од Службата за итна медицинска помош Кавадарци.

– Во директен судир згмечен бил трактористот од Камен дол, а од силиниот ударот тракторот се превртел и завршил во блискиот ендек. Со животно загрозувачки повреди трактористот е однесен до кавадаречката општа болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен на Ургентниот центар во Скопје, информираа од Брзата помош.

Возачот на патничкото моторно возило со битолски регистарски ознаки, инаку жена, се здобила со скршеница, која според Службата за итна помош при Здравствен дом Кавадарци, се карактеризира како тешка телесна повреда.

Би можело да ве интересира

Повредени се 62 годишна жена и 12 годишно дете – се судрија со тротинети

А1он

Загина патник во такси во Подгорица

А1он

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

ВИДЕО: Струмичанец е каминоџијата кој загина во несреќата во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Автомобил излета од патот Скопје-Велес, извлечени шестмина повредени

Катерина Ѓуровски