Украдени 31.800 евра од куќа во Стајковци

Од:

Во куќа во селото Стајковци извршена е кражба при што се украдени 31.800 евра и причинета е материјална штета околу 2.000 денари.

МВР информира дека сопственикот на куќата, 50-годишниот А.Ф. ја пријавил кражбата вчера во полициската станица во Гази Баба, наведувајќи дека таа се случила во периодот од 29 мај до 2 јуни.

Кражбата е извршена така што сторителот со скала која ја поставил на ѕидот влегол преку прозорецот од горниот спрат на куќата и по пребарувањето ги пронашол и одзел парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби