ФРОДЕМ: Апсурдноста на апсурдниот Груевски

Од:

Неможеме да се изначудиме на денешната бледо скреена апсурдна приказна, а посебно на апсурдната изјава на апсурдниот Груевски. Се во знакот на апсурдност во државата за кој лидерот во заминување Груевски си умислил дека е Апурдистан.

За Груевски апсурдно е тоа што тој се појавил на распит пред судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во својство на осомничен во случајот „ТНТ“, а не е апсурдно тоа што нарачувал рушење. За него иста така апсурд ке биде и идното негово појавување како и на неговите довчерашни соработници пред судот за уште потешки кривични дела.

Не Груевски, тоа не е апсурд, туку тоа е реалност од која нема бегање. Апсурдно е што Груевски мисли дека граѓаните сеуште веруваат на приказната за сечени, лепени, креирани и монтирани материјали. Апсурдно е што смета дека сеуште има контрола над одреден број судии и дека ке се појави на иднините избори. Груевски мора да знае дека најголемата апсурдност во оваа држава е тоа што тој се шета на слобода, наместо да биде во притвор заради сериозните сомненија за сторени криминални дела.

Наместо да се засрами и да се извини за сторените зла упорено се обидува и понатаму свесно да манипулира и да се поигрува со очекувањата на граѓаните и судбината на државата. Одземањето на патната исправа на Груевски е почеток на крајот на досегашното негово апсурдно однесување.
Се има свој почеток и крај, па дури тоа и да е некој си Груевски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска