Прегазен велосипедист во Штип

Од:

Велосипедист почина вчера откако беше прегазен од автомобил марка „алфа ромео“ на крстосницата од улица „Партизанска“ и „Борис Крајгер“ во Штип, информира полицијата.

Од незгодата на лице место починал велосипедистот Б.Д.(59).

Смрт е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Возачот и сопатникот Г.М. (36) , се алкотестирани при што кај Г.Д. е констатирано присуство на алкохол од 1,23 промили, а кај сопатникот Г.М. е констатирано присуство на алкохол од 1,87 промили.

По наредба на Јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот. 

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он