Со ждрепката извршена попладнево во Гетеборг, беа одредени групите за Европското првенство за ракометарки во Шведска кое ќе се одржи од 4 до 18 декември 2016.
Во групата А, чиј домаќин ќе биде Стокхолм, покрај домашната селекција на Шведска ќе играат и репрезентациите на Србија, Шпанија и Словенија.
Дуелите од Б групата ќе се играат во Кристијанштад, а ќе се сретнат: Холандија, Франција, Германија и Полска.
Во Малме кој ќе биде домаќин на Ц групата ќе играат: Црна Гора, Унгарија, Данска и Чешка.
И во последната Д група во Хелсинборг ќе бидат селекциите на: Норвешка, Русија, Романија и Хрватска.
Пласман во втората рунда нема да обезбеди само најслабо рангираната селекција во секоја од групите.
Натпреварите од главната фаза, како и завршницата, ќе се играат во „Скадинавиум арената’’ во Гетеборг.