Во Велика Британија денеска почнаа тридневните свечености со кои се одбележува „службениот“ роденден на британската кралица Елизабета Втора, која во април наполни 90 години.
Свеченостите почнаа со специјална религиозна служба во катедралната црква Сент Пол во Лондон, со која раководеше англиканскиот надбискуп од Кантербери, Џастин Велби.
На службата присуствува членовите на кралското семејство, меѓу кои и војводата од Единбург, принцот Филип, сопруг на кралицата, кој денеска го прославува својот 95 роденден.
На служата делови од Библијата читаа премиерот Дејвид Камерон, а говореше и Дејвид Атенбороу, познат водител на програмите за природата и за животинскиот свет на британската телевизија, кој е врсник на кралицата.
Кралицата Елиабета е родена на 21 април 1936 година и својот роденден тогаш го прослави во кругот на семејството.
Од пред 250 години, воведена е традицијата покрај приватниот, да има и „служен“ роденден на монархот, кој по правило се одржува во првата или втората сабота во јуни.
Ваквото решение било донесено само поради времето во Велика Британија и намерата одбележувањето на кралскиот роденден да биде во убави временски услови.
Кралицата Елизабета веќе стана монарх со најдолг стаж во англиската и британската кралска историја. Таа е и најстариот монарх на престолот и со најдолг брачен стаж од 68 години.
Во текот на нејзиното владеење во Велика Британија се смениле 12 премиери и седум надбискупи на Англиканската црква.
Во свите повеќе од 64 години на престолот, кралицата има посетено 117 држави.