Со последното соопштение ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека Никола Груевски ја диригира медиумската хајка против независната институција Специјално јавно обвинителство.
Откако му падна во вода и последната сламка за спас со нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов, Никола Груевски не знае како да го брани својот страв од соочување со одговорноста за криминалот.
Медиумските хајки не можат да му помогнат на Никола Груевски. Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема спас за Никола Груевски и неговото корумпирано друштво,пишува во соопштението од СДСМ.