Фантастичен овошен колач…
Потребно е:
за тестото:
4 јајца
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр брашно
1/2 прашок за пециво
70 гр нишесте
100 мл млеко
100 мл масло
за филот:
1 тегла компот од вишни
1 пудинг од ванила
за украсување:
2 кесички шлаг во прав
200 мл млеко или вода
Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер.
– Полека додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и нишестето, млекото и маслото. Изматете убаво.
– На крај додадете го и цврсто изматенито снег од белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Подготвената смеса сипете ја во намастена тава и одозгора рамномерно распоредете ги исцедените вишни од компотот.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Сокот од компотот сипете го во сад за мерење. Треба да добиете 450 мл течност. Досипете вода колку е потребно.
– Одземете 5 лажици од сокот и во нив измешајте го прашокот за пудинг. остатокот од течноста ставете ја да да се вари. Кога ќе зоврие тргнете го садот на страна, додадете го разматениот пудинг и повторно вратете го садот на рингла. Со постојано матење варете го околу 1 минута.
– Направениот пудинг рамномерно распоредете го над печениот колач.
– Пред да го послужите ставете го колачот во фрижидер убаво да се излади.