Папандреу за предавање за грчката криза наплаќа по 55.000 долари

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу зема по 55.000 долари за предавање за кризата во земјата, јавуваат грчките медиуми.

Весникот „Прото Тема“ цитира организатор на настан во Торонто, на кој Папандреу не успеа да присуствува поради гласањето за мерките за штедење кои од Атина ги бараа меѓународните кредитори.

Според Џон Салмас, за да одржи предавање на вечера во Торонто, поранешниот грчки премиер побарал 55.000 долари во кои не се вклучени трошоците за патувањето, престојот и посетата на туристички локации. Папандреу го откажа патувањето во Канада по остри реакции дека нема да учествува во гласањето за мерките за штедење.

Под наслов „Јоргос заработува еден милион долари од нашата несреќа“, „Прото Тема“ информира дека поранешниот премиер договорил 18 предавања и вечери со милионери од Цирих до Токио до следното лето, за кои ќе добие еден милион долари. Папандреу добива по 12.600 долари од универзитетот Харвард, а не се откажува ниту од платата во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски