Центар: ВМРО ДПМНЕ лаже за исплатите на Стив Аоки, општината подготвува тужба

Од:

ВМРО ДПМНЕ, овој пат преку својата младина, се обидува да ја манипулира и лаже јавноста. Овој пат, освен што неосновано напаѓаат, тие свесно презентираат лажни податоци во однос на исплатите од буџетот на Општина Центар.

Стив Аоки - решение
Вистината во однос на исплатите за настапот на Стив Аоки е следната: Ниту еден денар не е исплатен од буџетот на општина Центар за овој настан кој беше откажан исклучиво поради лошите временски услови. Како потврда на ова, во прилог ви доставуваме документ на општина Центар.Според договорот со Аоки и организаторите, парите ќе бидат исплатени по одржување на настанот кој ќе биде презакажан во првиот слободен термин кој ќе им одговара на сите засегнати страни.

И второ, смешно е тврдењето дека настапот бил откажан заради наводно лошото озвучување. Целата опрема која беше поставена вечерта е по највисоки стандарди за ваков тип на манифестации и е целосно во согласност со она што беше побарано од самиот Аоки. Ова е нормална процедура во реализација на вакви настани, а со своите тврдења УМС ВМРО ДПМНЕ само покажува колку малку знае за тоа како се организраат настани од овој вид.

На крајот, го информираме престставникот од УМС дека му даваме рок до недела, 12 јуни, јавно да се извини за лагите и клеветите кои ги изенесе на сметка на општината и градоначалникот Андреј Жерновски. Доколку тоа не го стори, против него ќе биде поднесена тужба за клевета, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар