ЛДП: РЕК Битола е во тотален колапс

Од:

Трите блока на термоелектраната РЕК-Битола не се во функција и не произведуваат струја. Еден од блоковите е во ремонт, вториот одамна не работи а третиот престана денеска. Ова не е дефект во системот, туку целосен колапс на електро-енергетскиот систем на државата. Загриженоста е голема бидејќи РЕК Битола е столбот на електро-енергетскиот систем на Македонија, со производство на речиси 80 проценти од електричната енергија во државата.

Дали ова е почеток на крајот на распадот на електро-енергетскиот систем на Република Македонија?
За да биде иронијата поголема, оваа криминогена власт потроши огромни средства реконструкција и доопремување на РЕК Битола, но нестручното и неодговорно однесување на менаџерско-партискиот тим на ВМРО-ДПМНЕ го втурна во пропаст. Дефектите на трите блока станаа секојденевие и пракса, а не исклучок. Цехот на крајот повторно го плаќаат граѓаните со поскапа струја, токму поради зависноста на РЕК-Битола да увезува мазут .

И додека блоковите на РЕК-Битола, паѓаат како „круши“, раководството на ЕЛЕМ реши да гради рајски паркови во Општина Аеродром, со мајмуни и пауни и да ја замајува јавноста со наводни вложување во механизација во РЕК Битола, што е уште една потврда за неразумното и расипничко владеење на оваа власт.

Раководството на ЕЛЕМ нема веќе легитимитет да раководи со оваа државна компанија и мора да си понесе одговорност, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ