Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјава, планот за излез од кризата и евроаталнските интеграции на Република Македонија.
– Објавивме план за излез од кризата, преку обезбедување на владеењето на правото и спроведување слободни, фер и регуларни избори, што поскоро. Врз база на принципите договрени во Пржино треба да се организира Влада која ќе ги исполни сите услови за фер и регуларни избори. На Македонија и се потребни регуларни избори час поскоро, коишто ќе бидат гарант дека слободната волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост, рече претседателот Заев.
Претседателот Заев рече дека со политичка волја од сите страни е можно ефикасно прочистување на Избирачкиот список и спроведување на реформи во медиумите.
– Ние сме отворени за дијалог, нашиот мотив е Македонија и нејзината сигурна иднина. За да се обезбеди владеењето на правото потребно е да се гарантира непречена работа на независната институција СЈО. Затоа Уставниот суд треба веднаш да се произнесе за уставнота на Законот за СЈО. Прогонот на граѓаните што протестираат за правда, слобода и демократија треба веднаш да прекине, рече Заев.
Заедничката констатација на претседателот Заев и полскиот амбасадор Мултновски е дека повлекувањето на аболициите е добра можност да се отвари пат за враќање на правдата.