Toyota највреден автомобилски бренд, VW испадна од водечките 10

Од:

Јапонскиот производител на возила Toyota и натаму е највредниот светски автомобилски бренд, додека германскиот Volkswagen (VW) испадна од листата водечки десет мерки, по скандалот со мамење на тестовите за емисија на гасови, покажува годишното истражување на компанијата „Millward Brown“ која врз основа на интервјуа со потрошувачите за перцепцијата на брендовите и анализите на финансиските и деловните показатели ја составува оваа листа во различни сектори веќе единаесет години.

Според споменатото истражување, вредноста на брендот на Toyota пораснала минатата година за 2 отсто, на 29,5 милијарди долари, додека вредноста на VW брендот паднала на 9,3 милијарди долари.

VW загубил повеќе од половината од својата вредност во текот на 2015 година, бидејќи овој концерн е силно потресен откако беше откриено дека во своите дизел возила вградувал софтвер за мамење на тестовите за емисија на штетните гасови.

Инаку на оваа листа не се менува поредокот на првите седум автомобилски брендови, Така, зад Toyota следуваат BMW, Mercedes-Benz, Honda, Ford, Nissan и Audi. А по испаѓањето на VW од првите десет автомобилски марки, на осмото место е Land Rover, а потоа се Porsche и Tesla.

Вкупната вредноста на водечките десет автомобилски брендови минатата година паднала за 3 отсто, на околу 140 милијарди американски долари.

„Автомобилскиот сектор е соочен со можеби најпредизвикувачкиот период, при што кризата со мамење на тестовите за емисии на гасовите е само една од многуте“, вели Питер Валш од компанијата „Millward Brown“ и директор на истражувачкиот проект под наслов „Global BrandZ“.

Инаку Toyota на оваа листа најскапи светски трговски марки е на 28-то место. Водечки е Google со вредноста на брендот од 229,2 милијарди долари, што е за 32 отсто повеќе отколку пред една година, со што првпат го мина Apple чија вредност паднала за 8 проценти и сега изнесува 228,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ