Селективен „Еразмус“ или вистинска борба против корупцијата?!

Од:

Народно движење за Македонија ја поздравува полициската акција „Еразмус„ на Економскиот факултет во Скопје против корупцијата во системот на високото образование, а во која беа осомничени универзитетски професори за примање поткуп.

Меѓутоа, за НДМ останува дилемата за селективен „Еразмус„ или вистинска борба против корупцијата, велат од партијата.

Имено, поминаа 6 дена од прес конференцијата на НДМ во кој повикавме на расчистување со таинствениот фонд, од кој, одделни професори на Економскиот факултет добиваат месечни примања од 240.000 денари, а деканот 280.000 денари.

Од надлежните институции целосен молк!

Не е познато од кој фонд и зошто им се исплаќаат овие високи суми само на професори на Економскиот факултет во Скопје.

За споредба, на останатите државните факултети во земјата, месечните примања на универзитетските професори во зависност од звањето (доцент, вонреден и редовен професор) се движат од 35.000 до 55.000 денари.

Значи, професори и деканот на Економскиот факултет во Скопје имаат пет пати повисоки месечни примања од останатите универзитетски професори во земјата.

Сите државни факултети добиваат буџетски средства.

Јасно е, владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите универзитетски професори поддеднакво.

Оттука се наметнува прашањето, која е причината професорите на Економскиот факултет во Скопје да бидат екстремно привилегирани во однос на останатите универзитетски професори во земјата.

Дали ова луксузирање на професорите и деканот од Економскиот факултет е резултат на нивни експертски мислења по нарачка, велат од НДП.

Би можело да ве интересира

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

(ВИДЕО) Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Александар Тодески

„Професорите не се службени лица“ – единствената причина зошто падна „Еразмус“

Кристијан Ландов

Судијата Туфегџиќ за одлуката на Апелација за „Еразмус“: Ќе се анализираат причините за укинување на пресудата и напатствијата

Кристијан Ландов

Падна „Еразмус“ пред Апелација: Професорите кои се гонат дека барале секс и пари за оценки, ќе се судат одново

Кристијан Ландов

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов