Изложба на Атанас Ботев во Прилеп

Од:

Изложбата „Град“ од Атанас Ботев ќе биде отворена утре во 19.40 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“.

– Во 2012 година бев сведок на процесот на рушење на пероните на Старата железничка станица – една од велелепните железнички станици на Балканот (на нивно место се планира изградба на трговски комплекс) па решив да ги фотографирам остатоците од бетон и челик кои успеаја да го издржат земјотресот од 1963, но не и човечката глупост во 2012 година. Врз основа на фотографиите направив серија цртежи кои што се сведоштво на едно агресивно узурпирање во урбаната структура на градот и протест против девастацијата на јавниот простор – вели Ботев

Роден е во Скопје во 1973 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје.

Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

Досега има остварено 12 самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Нирнберг, Цетиње и Берлин а има учествувано на бројни групни изложби во земјава и во странство

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска