Червар на гостувањето во Злин ќе води 17 ракометари

Од:

Македонската ракометна репрезентација уште денеска ќе тренира во Скопје во пресрет на првиот бараж дуел со Чешка што нашата репрезентација ќе го игра в сабота во Злин. Селекторот на Македонија Лино Червар во пресрет на своето деби на клупата на Македонија апелира на внимателност пред важните дуели.

– Точниот состав ќе се знае утре. Имаме уште два тренинга и мораме да биде внимателни особено што некој можеби е и ранлив, еден пад или слично може многу нешто да смени и затоа мора да бидеме претпазливи. Стоилов имаше повреда, но последниот тренинг добро го одработи.
Секако, стручниот штаб го има анализирано и противничкиот состав.

– Чешка е силна репрезентација која во моментов во составот нема екстра ѕвезди, но таа селекција има силен колектив. Малку ни се овие денови за подготовка, но тоа е. Се обидуваме да ја кренеме тензијата, мотивацијата и одговорноста. Не е лесно, особено по неуспешните квалификации во Гдањск. Но, мора да се гледа оптимистички. Мораме да имаме подготвен и план Б и да не играме само 6-0 зона. Она што е добро и позитивно е дека играчите имаат желба. Не очекува тежок натпревар, на претходниот исто така во Злин, Чешка имаше висока предност и се лаже секој што мисли дека ќе биде лесно, изјави селекторот.

Македонија за Злин ќе патува утре наутро, а истиот ден на пладне ќе има и тренинг во салата каде во сабота ќе се игра натпреварот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ