Картонскиот Мини Морис Минор од 1959 година влезе во возилото Кантримен

Од:

Факт е дека автомобилите со тек на времето и наредните генерации стануваат се поголеми, а растот во случајот на МИНИ е навистина значаен, што со својот проект го демонстрираше тим од Холандија. Холанѓаните од картон направиле макета на MINI Morris Minor произведен во 1959 година и успеале да ја вметнат во MINI Countryman, кој е произведен во 2015 година. 

Интересниот проект Холанѓаните го работеле со задоволство, а откриле дека морале да направат само помали промени за да може макетата да ја собере во автомобилот. Предниот дел на макетата е малку деформиран поради централната конзола во внатрешноста на Countryman.

Технички гледано, Countryman за 34 отсто е подолг, 43 отсто поширок и 16 отсто повисок во однос на класичниот модел, додека меѓуосовинското растојание е зголемено за 27 отсто. Најголемата разлика е во тежината, која е зголемена 115 отсто од 620 на 1.335 кг.

Иако Countryman е поголем и потежок, тој е побрз во однос на класичниот модел. Од 0 до 100 км на час забрзува за 11,9 секунди, додека на класично возило за истото му се потребни 27,1 секунда. Максималната брзина на Countryman изнесува 175 км на час, а на стариот автомобил 115 км на час.
Удобноста нема потреба ни да се споредува. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ