Европското фудбалско првенство во Франција што почнува в петок, е потенцијална цел на напади на терористи, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Форин офисот ги повика навивачите да бидат внимателни и да ги почитуваат советите на француските власти.
– За време на Еуро 2016 стадионите, навивачки зони, местата каде натпреварите ќе се гледаат на телевизори и транспортната инфраструктура ќе бидат потенцијална цел за терористички напади, наведува британското МНР.
Кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон соопшти дека тоа предупредување не е објавено како одговор на некоја конкретна опасност туку љубителите на фудбалот да добијат потребни информации.