Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР реагира на популистичкиот однос на градоначалникот Коце Трајаноски,посочувајќи дека “изиграва голем домаќин“.
Подобро би било да го исчистиш твојот двор, што ти е валкан до гуша,почнувајчи од Космос и другите твои проекти фамилијарни,низ градот и другите општини низ Скопје,отколку да изиграваш “голем домаќин“ и седејки во хотелот во центарот на Скопје и следејки што прават граѓаните од прозорите на вашиот криминално изграден хотел со народни украдени пари. Ние како партија ќе бараме по изборите доколку ја добиеме довербата од граѓаните,сите градоначалници во сите општини вклучувајки ве и вас Коце Трајаноски, да дадете отчет и потекло на имот од каде ви се становите, викендиците, колите.
Да не набројуваме има многу нешта кој ќе треба да ги докажете таму кај што треба,и доколку немате докази од каде ви е стекнатиот имотот ќе се конфискува. Доста е, не можат Ромите да умираат, а вие да се збогатувате со вашите сателити ромски партии кои ви се послушници и учесници во вашите криминали, а за нив допрва ќе објвуваме како партија што се имаат заработемо на грбот на Ромите,нечесно и корумпирано.
Затоа ви порачуваме Коце Трајаноски, голем домаќину,земи измиј се од твоите валканици што ги имаш направено за твоите мандати, па после испери ја бојата на Шарената Револуција, пишува во соопштението од партијата ПЦЕР.