ЦО на СДСМ го овласти раководството да го продолжи процесот за излез од политичката криза

Од:

Централниот одбор на СДСМ акламативно ги поздрави успешните политики на претседателот Зоран Заев и раководството на партијата.

Централниот одбор го поздрави фактот што двата клучни предуслови коишто ги постави СДСМ се исполнети: се спречи одржување на криминални избори на 5-ти јуни и аболицијата целосно се поништи.

Ова ќе беше невозможно без огромната упорност, храброст и решителност на илјадници граѓани коишто мирно и достоинствено протестираа на улиците ширум Македонија, за враќање на правдата, слободата и демократијата.

Централниот одбор на СДСМ го овласти Претседателот и раководството на партијата да го продолжи процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и кредибилни избори,соопштија од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он