Кајакарот Љубомир Спасиќ како единствен преставник од Македонија изминатиот викенд успешно ја претстави нашата држава на Светско првенство во кајак и кану на диви води во Бања Лука во БиХ, во дисциплината спуст во класик и спринт.
-Со мојот настап во класик имав очигледно подобрување и истакнување со позитива од 1 мин. и 26 сек. Во однос од пред месец дена кога на истата патека настапив на натпревар од европските купови што значеше и пласман на 45 позиција. Додека во спринт во однос на европскиот куп имав очигледно подобрување од 7 сек. По првото возење бев пласиран на 31 позиција од вкупно 60 натпреварувачи, и со моето второ возење имав шансa за пласман помеѓу најдобрите 15 односно во финалната трка но имав мала незгода каде изгубив 4 сек пред самата цел и не успеав да се пласирам во финалето на Светското првенство, истакна Спасиќ.
Следен настап ќе му биде на светскиот куп во Цеље, Словенија каде, како што рече, очекува пласман во финале.