Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Од:

Директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди и самиот денеска призна дека свесно го загрозува здравјето и животот на децата во оваа клиника. Сакајќи да се оправдува за условите во клиниката, тој призна дека и по 5 месеци од неговото доаѓање на чело на оваа клиника, децата продолжуваат да се хранат со садови и опрема стари 20 години и претставуваат ризик по здравјето. Го прашуваме директорот Мемеди колку треба да чека и да го ризикува здравјето на децата за да купи комплет прибор за заштита на здравјето на децата, кој чини помалку од ручекот на неговите газди. По оваа изјава и по многуте скандали кои кулминираа со смрт на бебиња, го повикуваме Мемеди веднаш да си поднесе оставка, бидејќи на една ваква чувствителна клиника не и треба директор кој се оправдува и не работи, туку директор кој ќе ги решава проблемите и ќе создаде услови за децата.

За обидот да се обвинат минатите раководства, директорот Мемеди го потсетуваме дека тројца од последните министри за здравство се неговите сопартијци Беким Сали, Арбен Таравари и Фатмир Меџити. Тројцата кои ја оставија клиниката во таква состојба продолжуваат да бидат пратеник, министер и близок советник на министерот за здравство, велат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење