Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на семејството кое исчезна утинава во срушените згради во Италија.
Двете стамбени згради паднаа поради експлозија на истечен гас. Едната од нив беше празна, а другата населена со туристи.
Досега холандсото семејство, италијанско-холандсиот пар со своето 18 месечно бебе, се водеше за исчезнато.
Локалните власти наведоа дека се работи за италијанецот Бернардо Вито (39), пица – мајстор кој ја напуштил својата земја и отишол да работи во Холандија.
Тој пред два дена допатувал во Италија со својата сопруга Холанќака и нивнотот дете, поради вакцинацијата на малото.
Експлозијата се случи во источниот дел на градот, кој се уште е евакуиран поради мирисот на гас.
Во несреќата беа повредени уште десетина други лица.