Рускиот фудбалер Игор Денисов ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Франција поради повреда добиена на пријателски натпревар против Србија (1:1) во Монте Карло.
Играчот од средниот ред на Динамо Москва кој има 52 настапи за националниот тим, го повреди бутниот мускул на последната проверка пред ЕУРО 2016.
– Ќе мора да повикаме замена за него. Денисов потешко се повреди и не е во состојба да игра. Веќе стапивме во контакт со играчи на неговата позиција, изјави рускиот селектор Леонид Слуцки.
Руските медиуми пишуваат дека главен кандидат за поплнување на испразнетото место е фудбалерот на Зенит, Артур Јусупов.
Претходно, руската репрезентација остана и без Алан Џагојев кој се повреди.
Русија нас континенталниот шампионат е во групата Б заедно со Англија, Велс и Словачка.