Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи судбината на Македонија да зависи од добрата волја на Заев и СОРОС

Од:

Македонија има капацитет и ќе го пронајде излезот од сегашната состојба. Тој излез сигурно не е продолжување со манипулациите и хипокризијата која што СДСМ ја демонстрира секојдневно. Целта на СДСМ и Соросовите структури е пролонгирање и продлабочување на дестабилизацијата, деструкцијата и кризата.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека СДСМ и СОРОС мора да се откажат од насилствата и од деструкцијата.

– СДСМ и СОРОС мора веднаш да престанат да ги малтретираат граѓаните со блокирање на улиците и брутално уништување на јавниот имот. СДСМ и СОРОС мора веднаш да ја надоместат штетата што ја направија, уништувајќи ги објектите на институциите и спомен обележјата. СДСМ за прв пат во својата историја треба да се обиде да направи програма и наместо деструкција да понуди нешто конструктивно за сопствениот народ, посочи Ѓорчев.

СДСМ, нагласи тој, треба да прифати јавно дека народот е тој што одлучува во Република Македонија и само народот може да му го даде мандатот на тој што ќе ја води државата. Според него, во случај Зоран Заев и Радмила Шекеринска да одлучат да се кријат и да молчат околу поднесување на барањата за деаболиција, ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното Обвинителство да отпочне постапки за одземање на криминално стекнатиот имот.

ВМРО-ДПМНЕ од своја страна, посочи, нема да чека и да остави судбината на државата да зависи само од добрата волја на Зоран Заев и структурите на СОРОС.

– Продолжуваме со несмалено темпо да работиме на отворање нови работни места и реализација на проектите што им ги ветивме на граѓаните. Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пакет клучни реформи во областа на медиумите и правосудството согласно препораките на Европската комисија и извештајот на Прибе, а јавноста навремено ќе биде информирана, додаде Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што политичките приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија