Едно лице загина во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош

Од:

Едно лице го загуби животот, а уште три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на натпатникот за ова село.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ управувано од Р.С.(33) од Требош, од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од патот, се превртело и удрило во блиските дрвја.

– Од превртувањето и удирањето, возачот и тројцата сопатници во возилото, петнаесетгодишно момче и две жени Е.А.(20) и Е.А.(23) задобиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Тетово, како итни случаи веднаш биле пренесени на скопските клиники. Околу еден часот по полноќ, дваесетгодишната сопатничка Едона А. како последица на задобиените повреди починала, а и другите тројца се во сериозна здравствена состојба, рече Јосифовски.

По овластување на јавниот обвинител, увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово. Притоа озилото било подигнато и пренесено во кругот на тетовската полиција за понатамошно крим-техничко вештачење и се работи на откривање на причините и се друго поврзано со несреќата.
Вкупната материјална штета се проценува на околу сто и педесет илјади денари.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он