Три години по ред ФИФА избира најубав гол во годината. Прв што ја освои наградата „Ференц Пушкаш“ беше Кристијано Роналдо, втор Хамит Алтинтоп, а лани за најубав гол беше избран од бразилецот Нејмар.
Вистинската штета што во оваа конкуренција не e ремек делото на Ибрахимовиќ на пријателскиот натпревар со Англија, за кое од ФИФа велат дека задоцнил за седум часа.