Оштина Центар жали заради откажувањето на настапот на Стив Аоки

Од:

Оштина Центар сака да ја информира јавноста за деталите околу откажувањето на настапот на Стив Аоки и вчерашниот настан „Црвено бела ноќ“ на ул. Македонија.

Како што веќе јавноста е запознаена, заради лошите временски услови и невремето кое го зафати Скопје, настанот мораше да биде откажан. За жал, продукцијата на Стив Аоки и организаторите на настанот не беа во можост да го реализираат планираниот музички спекаткл и сценско шоу. Исто така, општина Центар не дозволи да се вознемируваат граѓаните до доцните часови, бидејќи поради дождот, настанот не можеше да почне пред 23:00 часот.

Сакаме да ја информираме јавноста дека, во договор со продукцијата, промотерите и организаторите, во првата следна прилика ќе биде закажан нов термин за одржување на истиот настан. Тој ќе се реализира без никаков дополнителен финансиски надомест од страна на организаторот, на што се сложија сите вклучени страни.

Стив Аоки и неговиот тим со нетрпение очекуваат да се вратат и настапат во Македонија. Општина Центар сака да им се заблагодари на граѓаните за разбирањето и поддршката.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар