Победа на Баку во војната за гас со Русија

Од:

Хаккин – Баку

Десет дена по положувањето темели на вториот дел од проектот Јужен гасен коридор – Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој се предвидува да доставува азербејџански гас на пазарите во Европа, претседателот на Русија, Владимир Путин, даде изјава при посетата на Грција. Од неа може да се заклучи дека Русија повеќе нема ја спречува изградбата на таа гасна магистрала и дека се помирила со тоа што азербејџанскиот гас ќе стига до јужните делови од Европа.

Посетата на Путин во Атина ќе биде запаметена повеќе по посетите кои тој ги направи на историските споменици, и со неговото седнување на тронот на грчките императори. Само што за остварувањето на проектот за гасоводот ИТГИ Посејдон, кој е алтернатива на ТАП, за сето време на посетата рускиот претседател не рече ништо. Путин само напомна дека при проширувањето на извозот на руски гас на пазарите во Европа, тој се залага за проектот за гасоводот Северен тек-2, кој ќе ја поврзе Русија со Европа по дното на Балтичкото Море.

ИТГИ Посејдон беќе предложен уште во 2003 година. Според тој проект, гас требаше да се транспортира од североисточниот дел од Грција кон јужна Италија, а тоа значи дека маршрутата на таа гасова линија сосема се совпаѓа со маршрутата на ТАП. На почетокот на годинава, истиот ден кога во Баку се одвиваше состанокот на министрите на земјите од јужниот гасов коридор, Путин кај себе го повика шефот на Гаспром, Алексеј Милер, и во разговор со него истакна колку е важна усогласеноста со Италија и со Грција за изградбата на ИТГИ Посејдон. Беше јасно дека Кремљ е незадоволен од фактот што проектот ТАП ќе ги ослаби монополските позиции на Гаспром на европските пазари. Предлагајќи алтернативни проекти, Кремљ сака да ги зачува позициите на Гаспром во Јужна Европа.

Само што плановите на Путин и на Гаспром беа спречени од геополитичките потреси. На почетокот Русија заедно со Турција го најави проектот Турски тек, според кој се планираше да бидат доставувани 30-40 милијарди кубни метри гас до турско-грчката граница, или со други зборови до точката каде се спојуваат ТАНАП и ТАП. Двете земји дадоа силни изјави, па дури и пристапија кон работа.

Заради политичката криза во Турција летото 2015 година, парламентот не го ратификуваше предлог-договорот за проектот Турски тек, а потоа кога беше урнат рускиот воен бомбардер СУ-24, проектот беше конечно погребан.

Но Гаспром не се помири и на почетокот на годинава на дневен ред вклучи уште еден моќен проект – ИТГИ Посејдон – па дури склучи и преддоговор за него. А сега Путин при својата посета на Атина заради некакви причини го одмина тој проект со молчење. На 27 мај на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер, претседателот на Русија даде официјална изјава за енергетската соработка, но не кажа ниту збор за тоа како се исполнува меморандумот за ИТГИ Посејдон.

А пред таа посета, Путин направи некои обиди да го реанимира проектот Јужен гасов тек, Тој во Кремљ го прими српскиот премиер Александар Вучиќ. Пред тоа, пак, првиот руски дипломат Сергеј Лавров летна до Унгарија каде исто ургираше за Јужен гасов тек. Тој проект беше сопрен по барање од ЕУ која процени дека ги прекршува правилата кои се ставени на европската енергетска мапа. Русија пак планираше по завршувањето на тој проект да сопре да транспортора свој гас до Европа преку Украина.

Според проектот ИТГИ Посејдон рускиот гас, откако ќе стигне до јужна Италија, треба да се транспортира до целиот европски југ. Само што, по се судејќи, и покрај напорите кои ги вложува Москва, грчкиот премиер Алексис Ципрас претпочита да ги остава настрана сите планови кои се алтернативни за ТАП, кој е поддржан од ЕУ. А тоа е разбирливо, бидејќи во спротивен случај Грција би се лишила од финансиската помош од Европската унија и од кредиторите од ММФ, затоа што САД отворено се спротивставуваат на секакви проекти кои се алтернативни на Јужниот гасов коридор. Поради тоа, САД извршија сериозен притисок врз грчката влада со цел тие да го забрзаат завршувањето на Јужниот гасов коридор.

Резултатите од посетата на Путин на Атина недвосмислено упатуваат дека денес нема пречки за доставите на азербејџански гас до пазарите во Европа. Војната која започна со цел да се спречи завршувањето на проектот Јужен гасов коридор, кој има стратешко значење и за Азербејџан и за Европа, на крај ја доби Баку.

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година