Бајките ја развиваат интелегенцијата

Од:

 Иако во многу приказни доминира натприродното, ако се воспостави рамнотежа ќе бидат корисни за децата и за нивната интелегенција.

– Ако сакате детето да ви биде интелигентно, читајте му приказни. А, ако сакате да биде уште поинтелигентно, читајте му уште приказни, е цитат на Алберт Ајнштајн.

Сепак бајките неодамна предизвикаа полемика меѓу универзитетските професори. Ричард Донкинс од Оксфорд тврди дека приказните се штетни за образованието, затоа што на децата им се всадува погрешна идеа за натприродното.

– Постои многу интересна причина зошто принцот не може да е претвори во жаба, статистички е неверојатно, остро прокоментира професорот Донкинс.

Сепак професорката Ивон Кели реагираше на неговиот став објаснувајќи дека токму таа магична содржина влијае на развојот на имагинацијата кај најмладите, додека Доминик Вајс од англискиот Институт за образование истакна дека приказните им помагаат на децата да го совладаат читањето и подобро го разберат светот.

По серија осудувања и критики, Донкин го промени ставот и напиша дека тие навистина се корисни за развојот на критичкото мислење, затоа што децата учат да заземаат став. Иако, додаде тој во многу приказни доминира натприродното, ако се воспостави рамнотежа, ќе бидат корисни за децата и нивната интелигенција. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска