Судската администрација трет ден на протест

Од:

И денеска, трет ден, синдикатот на УПОЗ ќе протестира пред Министерството за правда. Ќе останат на улица, велат, додека не се исполнат барањата за покачување на платите на судската администрација.
Вчера УПОЗ не успеа да оствари средба со министерот, туку со советници од неговиот кабинет . Им дале рок најдоцна до утре да ги известат дали првио човек на ова институција го прифаќа нивното барање за зголемување на додатоците на плата за 35%.
Синдикатот беше на средба во судскиот совет од каде доби ветување дека притисоците врз судската администрација ќе прекинат, а нема да има ниту намалување на платите за штрајкувачите.
Протестот ќе започне во 11 часот.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

„Македонска пошта“: Има плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран