Червар го имаше првиот собир со македонските ракометари

Од:

Под водство на новиот селектор на Македонија, Лино Червар ракометната репрезентација денеска ги почна подготовките за бараж дуелите за пласман на Светското првенство во Франција 2017 година. Противник на нашата селекција е репрезентацијата на Чешка.

Репрезентацијата на Македонија е некомплетна од причина што неколку играчи имаат уште обврски кон своите екипи, а комплетирањето се очекува во понеделник.

Червар на првиот „настап“ пред новинарите беше претпазлив во изјавите.

-Ќе ни биде тешко, но со позитивна енергија и мислење дојдов тука. Желба на сите е да ја победиме Чешка во двомечот и да се пласираме на Светското во Франција. Нема да биде лесно, но ништо не можам да гарантирам, а јас и играчите ќе дадеме се од себе. Ги гледав Чесите на последните натпревари со Австрија и затоа сметам дека мора да настапиме со оптимизам и тоа да го пренесам кај играчите.

Репрезентацијата денеска ќе го има првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“, а од утре ќе тренира во СРЦ „Кале“. Првиот натпревар со Чешка се игра на 11 јуни во Злин, а реваншот е на 15 јуни во Скопје.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ