Властите во Парагвај запленија 42,5 тони марихуана во операција во северниот дел од државата.
Во операцијата што се одвива веќе неколку дена, се уништени 66 хектари насади со марихуана.
Криминалците претрпеле загуби од околу седум милиони долари, тврди полицијата. Парагвај се смета за најголем производител на марихуана во Јужна Америка.