Зошто крстозборот е корисен за децата?

Од:

Доколку сакате вашето дете да биде навистина паметно дадете му да решава крстозбор.

Учење и забава, развој на меморијата и корисно поминато време – сето ова го нуди решавањето на крстозбори, тврдат психолозите. Студиите покажуваат дека овој вид на забава е дидактичко средство кое од просечно дете постепено прави паметно дете, затоа што влијае врз развивање на неговите вештини.

Експертите ги советуваат родителите на децата им „подметнат“ крстозбор секогаш кога можат, на пример додека патуваат, гледаат ТВ или се досадуваат. Секогаш е добро да ги решаваат, но во близина на возрасни, кои ќе помогнат кај потешките прашања.

Наведете ги сами да дојдат до едноставните одговори. На пример ако  сте им сугерирале одредени решенија, па повторно не знаат, помогнете да се сетат, наведете во кој правец да размислуваат. Така заедно ќе работите на нивната концентрација и меморија, а со време тие се полесно ќе ги решаваат.

Психолозите истакнуваат дека е важно возрасните да им помогнат на децата сите полиња правилно да ги пополнат и заедно да  ги видат решенијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска