Алекс Душебаев по завршување на сезоната 2016/17 ќе го напушти Вардар, бидејќи се договорил со европски шампион Киелце кариерата да ја продолжи во полската екипа, објави претседателот на клубот Бертус Сервас.
Душебаев со Вардар има актуелен договор на уште една година по што како слободен играч ќе се приклучи на составот чиј тренер е неговиот татко Талант Душебаев.
Од македонскиот ракометен шампион веќе си заминаа Дејан Манасков, Сергеј Горбок, Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен, а по најавата за трансферот на Душебаев, се очекува „црвено-црните“ да создадат нов тим кој ќе се обиде да ја оствари целта, а тоа е пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите.