Дождот ја диктира програмата на Ролан Гарос

Од:

Изминативе два дена организаторите на Ролан Гарос воопшто немаа среќа со временските услови, па со исклучок на вчера кога тенис се играше нешто повеќе од два часа останатото време погледите беа свртени кон небото и кога ќе престане дождот. Доколку временските услови дозволат денеска тенис планирани се 12 меча во двете конкуренции.

Најпрвин на четирите главни терени жените ќе ги почнат преостанатите осминафинални мечеви, а потоа мажите ќе треба да ги доиграат од вчера почнатите осминафинални дуели. Ако има услови ќе се играат и по два четвртфинални меча во двете конкуренции.

Програма на Ролан Гарос за 1 јуни:

Терен Филип Шатрие:
Серена Вилијамс – Елина Свитолина (осминафинале)
Новак Ѓоковиќ – Роберто Баутиста – Агут (осминафинале – 3:6; 6:4; 4:1 во трет сет)
Ришар Гаске – Енди Мареј (четвртфинале)
Саманта Стосур – Цветана Пиронкова (четвртфинале).

Терен Сузан Леглан:
Венус Вилијамс – Тимеа Башински (осминафинале)
Давид Ферер – Томаш Бердих (осминафинале – 2:1 во прв сет)
Алберт Рамос – Винолас – Стан Вавринка (четвртфинале)
Шелби Роџерс – Гарбине Мугуруза (четвртфинале).

Терен број 1:
Кики Бертенс – Медисон Кејс (осминафинале)
Ернестс Гулбис – Давид Гофин (осминафинале – 3:0 во прв сет).

Терен број 2:
Карла Суарез Наваро – Јулија Путинцева (осминафинале)
Марсел Гранољерс – Доминик Тием (осминафинале – 2:6; 7:6 (7:2).

Почетокот на мечевите е предвиден во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ